ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна дилер на дрога!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Падна дилер на дрога!

Полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акција во која бил извршен претрес во дом и помошни простории во Охрид, каде престојувал 31-годишен маж од Кичево, а при акцијата била пронајдена и одземена дрога.

Според информациите од полицијата, претресот бил реализиран вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид. Акцијата била спроведена со судска наредба издадена од Основниот суд во Охрид.

Во претресот, кој го извршиле полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, била пронајдена марихуана.

По пронаоѓањето на дрогата, лицето И.Ј. (31) од Кичево било повикано во полициска станица, каде со него бил извршен службен разговор во рамки на истрагата.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а истрагата продолжува за утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Најнови вести