ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Приведен управител на образовен центар - вознемирувал и допирал малолетнички!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Приведен управител на образовен центар - вознемирувал и допирал малолетнички!

Полицијата во Штип приведе 65-годишен маж со иницијали А.Ш., кој е осомничен дека подолг временски период недолично се се однесувал кон малолетни ученички во образовен центар каде што бил управител.

Според информациите од истрагата, случајот бил пријавен откако родители, заедно со своите деца и претставници од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип, се обратиле во полиција и пријавиле несоодветно однесување за време на дополнителна настава.

Се сомнева дека осомничениот во повеќе наврати недолично допирал ученички по телото, а пријавите предизвикале итна реакција од надлежните институции.

По добиена судска наредба, полицијата извршила претреси и во домот на осомничениот, како и во просториите на образовниот центар со кој управувал. При претресите биле одземени предмети за кои истражните органи сметаат дека би можеле да имаат значење како докази во понатамошната постапка.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по комплетирање на документацијата против него била поднесена кривична пријава. Судот потоа му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со пријавите.

Најнови вести