Д-р Маја Кирјас го потврди дека едно од оштетените возила во скопската населба Капиштец е нејзино, но истакна дека таа не паркирала врз друго возило, спротивно од објавеното.
Во објава на Фејсбук, таа сподели видео од инцидентот на паркингот каде се гледаат двете оштетени возила. Во шест часот наутро, од гостилницата „Дукат“ се слушнал силен удар кога трето возило удрило во нејзиното „нисан“ и во возилото паркирано зад него.
Д-р Кирјас истакна дека нејзиното возило е уредно паркирано пред зградата каде што живее и дека снимката јасно ја прикажува ситуацијата. Таа изрази разочараност и срам за околината каде живее поради ваквиот инцидент.