Компанијата КАМ повторно докажа дека е еден од најпосакуваните работодавци во земјава, исплаќајќи рекорден регрес за годишен одмор од 46.000 денари на сите свои 1.400 вработени. Овој износ е речиси трипати повисок од законскиот минимум, што ја прави оваа исплата највисока во историјата на компанијата.
Регресот ќе биде исплатен во три трансши: првиот дел во текот на летото, вториот во октомври, а последниот во декември, што ќе им овозможи на вработените полесно да ги организираат своите финансии.
Од менаџментот на КАМ истакнуваат дека задоволството и вреднувањето на вработените се клучни за успехот на компанијата: „Наша мисија е да создаваме средина во која луѓето се ценети, поддржани и мотивирани. Исплатата на рекорден регрес и постојаното унапредување на бенефициите ја потврдуваат оваа порака.“
КАМ е лидер во секторот со најмногу вработени и највисока просечна плата меѓу трговските синџири, а неодамна ја доби и наградата за најпосакуван работодавач во 2024 година. Покрај финансиските бонуси, компанијата нуди и други придобивки, како попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид.