ПРВ.мк
Македонија

Во понеделник доаѓа древен празник со моќни обичаи – еве што мора да направите според традицијата

Во понеделник доаѓа древен празник со моќни обичаи – еве што мора да направите според традицијата
Escape

На 7 јули се слави Иванден, еден од најстарите и најзначајни празници кај словенските народи, поврзан со раѓањето на Св. Јован Крстител, но и со летната солстиција, односно најдолгиот ден во годината. Овој празник е исполнет со древни верувања и обичаи што го слават Сонцето, билките, природата и животната енергија.

Во народната традиција, Иванден е симетричен на Божик, кој е поврзан со зимската краткодневица. Токму затоа, двата празника се празнуваат со посебни ритуали, а на Иванден тие се фокусирани на огнови, билки и магиска заштита.

Што се прави на Иванден?

▶️ Берење папрат – Вечерта пред празникот се бере папрат, која според верувањето има заштитна, апотропејска моќ. Таа се става на постелата и на неа се спие за здравје.

▶️ Плетење венци – Утрината на Иванден се плетат венци од билки кои се ставаат во дворовите или бавчите за да ги заштитат од болести, непогоди и несреќи.

▶️ Цвеќе Иванден во гардероба – Жените го собираат истоименото цвеќе и го ставаат меѓу алиштата за да ги заштитат од молци.

▶️ Ветрење облека и билки – Во Охрид, според записите на Е. Спространов, се ваделе облеките наречени „рутишча“, се распостилале по прозорците за да ги осветли сонцето.

▶️ Обреди со крави и млеко – Во Разлошко, празникот се викал Ињовден, и се правел венец од „ињовче“ кој се ставал на роговите од кравата за да се обезбеди млеко преку целото лето.

▶️ Тајане – Во некои краишта како Прилепско, Битолско и Крушевско, деца собирале билки, украсувале ѓумче со вода од три чешми, и потоа оделе по дуќани пеејќи песни и собирајќи подароци, кои потоа ги користеле за заедничка трпеза.

Се верува и дека на овој ден Сонцето игра или се превртува три пати, симболизирајќи ја кулминацијата на летната енергија.

Со Иванден се поврзуваат моќни ритуали за заштита, плодност и духовно прочистување, а неговото одбележување сѐ уште живее во бројни македонски региони и домови.

Mia Home Mavrovo