ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски во Струмица: Ветуваме држава што ќе служи и ги слуша граѓаните

Мицкоски во Струмица: Ветуваме држава што ќе служи и ги слуша граѓаните
Escape

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на трибината „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“ во Струмица, нагласи дека се гради држава по мерка на граѓанинот – држава што го слуша, почитува и служи на народот.

Тој посочи дека Струмица долго време била заробена од една фамилија која ја третирала како личен имот, но сега е време граѓаните да бидат на прво место. Мицкоски истакна дека за помалку од една година владата исплатила над 9 милијарди денари субвенции на македонските земјоделци, расте извозот, а младите земјоделци добиваат поддршка.

Меѓу најавените мерки е гаранција за услуга во рок од пет дена во сите институции, воведување на нова услуга каде администрацијата ќе ја бара иницијативата од граѓанинот, како и строги казни за прекршувања на рокови.

Премиерот најави транспарентност во здравствените услуги преку јавна листа на времиња на чекање, воведување на предмет за вештачка интелигенција во образованието за подготовка на младите за дигиталната ера и новата економија.

„Ова е визијата што ја градиме – држава која го цени времето и потребите на граѓанинот,“ порача Мицкоски.

Mia Home Mavrovo