ПРВ.мк
Економија

Цените на нафтата повторно паѓаат, и покрај трговскиот договор меѓу САД и Виетнам - еве колку ќе биде новата цена

Цените на нафтата повторно паѓаат, и покрај трговскиот договор меѓу САД и Виетнам - еве колку ќе биде новата цена
Escape

На меѓународните пазари денеска цените на нафтата забележаа пад, спуштајќи се под нивото од 69 долари за барел. Ова се случува поради сигнали за намалена побарувачка во САД, кои ја надминаа позитивната реакција од неодамнешниот трговски договор со Виетнам.

На лондонскиот пазар, барелот нафта се тргуваше по цена од 68,60 долари, што е за 51 цент помалку во однос на претходното затворање, кое вчера заврши со раст од 2 долари. Американскиот пазар исто така забележа пад, каде барелот се тргуваше по цена од 66,86 долари, што е за 59 центи пониско во споредба со вчерашното затворање, кога цената се зголеми за 2 долари.

Вчерашниот трговски договор меѓу САД и Виетнам ги охрабри трговците, бидејќи претседателот Доналд Трамп на својот профил на Truth Social го објави склучувањето на договорот. Според договорот, САД ќе воведат царина од 20 проценти за стоки увезени од Виетнам, додека стоките што пристигнуваат во САД преку Виетнам ќе бидат опфатени со повисока царина од 40 проценти. Во почетокот на април, Трамп најави дека „реципрочната тарифа“ за увозот од Виетнам би требало да достигне 46 проценти.

Сепак, и покрај позитивните вести од трговскиот договор, загриженоста околу слабата побарувачка во САД го доведе до падот на цените на нафтата на светските пазари.

Mia Home Mavrovo