Денес во Велес официјално беше отворен новиот маркет на Агро Ели, лоциран на ул. Ангел Мишев бр.44 (кај пазарот), со што компанијата го продолжува своето динамично ширење и вложување во современи продажни простори.



Новата локација нуди богат и разновиден асортиман на производи – од свежи и основни прехранбени артикли, млечни производи, пијалаци, до средства за домаќинство, внимателно селектирани за секојдневните потреби на граѓаните. Маркетот е уреден по модерни стандарди, со јасна организација и функционален простор што овозможува брзо и удобно пазарување.




Она што го издвојува Агро Ели е комбинацијата од најголем избор на производи и најниски цени во градот, со што купувачите добиваат повеќе вредност за своите пари. Уште од првиот ден, интересот кај граѓаните беше голем, што ја потврдува довербата и препознатливоста на брендот!




Со ова отворање, Агро Ели дополнително ја зацврстува својата позиција на пазарот, со јасна цел – да понуди квалитет, достапност и најдобро можно купувачко искуство за сите.














