Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека денеска жичницата на Водно нема да сообраќа поради засилен ветер.
Од претпријатието појаснуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално и сигурно функционирање на објектот.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во моментот кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, информираат од ЈСП Скопје.
Од таму додаваат и благодарност до корисниците за разбирањето.










