ПРВ.мк
Црна Хроника

БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА ПОД ЛУПА: Високи функционери во сериозни проблеми - какви злооупотреби се направени?

БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА ПОД ЛУПА: Високи функционери во сериозни проблеми - какви злооупотреби се направени?

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И. (53) и М.А.Н. (61), двете од Битола, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Првопријавената, во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а подоцна и како медицински директор во Министерството за здравство, и второпријавената, како раководител на Одделот за интерни болести во истата болница, ги пречекориле своите службени овластувања со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за други лица.

Според полицијата, во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишувале листи за исплата на прекувремени часови за 12 доктори од Одделот за интерни болести, иако тие часови се однесувале на активности во други одделенија (урологија и физикална медицина и рехабилитација) и биле спротивни на одлука на Управниот одбор.

Со тоа, како што се наведува, било овозможено неосновано исплаќање на надоместоци за прекувремена работа во вкупен износ од 494.933 денари, со што е оштетен буџетот на државата.