ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ: Полицајци и шумари оддавале тајни и ги штителе криминалците!

СКАНДАЛ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ: Полицајци и шумари оддавале тајни и ги штителе криминалците!

Службени лица од МВР и Шумската полиција се осомничени дека оддавале службени тајни и директно ги предупредувале криминалците, овозможувајќи им да избегнат контроли и да продолжат со нелегални активности.

На 17.04.2026 година, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово. Тие се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“.

Според истрагата, М.А., вработен во Шумската полиција, и В.П., вработен во МВР, во текот на 2025 година постапувале спротивно на законите и не преземале мерки за спречување на кривични дела, меѓу кои и нелегална сеча на шуми.

Дополнително, тие не ги извршувале службените задачи и не постапувале по издадените наредби, туку на организатори на криминални активности им давале доверливи информации за движењето на полициските и шумарските патроли во регионите на Берово и Струмица.

Иако биле запознаени со нелегалните активности, не презеле ништо, со што им овозможиле на други лица да стекнат значителна противправна имотна корист.

Случајот отвора сериозни сомнежи за злоупотреба на функцијата и директна вмешаност на службени лица во криминални активности.

Најнови вести