ПРВ.мк
Балкан

ОДЛУКА ШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА: Косово испраќа војници во овој регион - што значи овој потег?

ОДЛУКА ШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА: Косово испраќа војници во овој регион - што значи овој потег?

Собранието на Косово донесе одлука за испраќање на Косовските безбедносни сили (КБС) во странство, како дел од Меѓународните сили за стабилизација во Газа. Одлуката беше усвоена со 89 гласови „за“, без ниту еден глас против или воздржан, пишува N1 Србија.

Министерот за одбрана Ејуп Маќедончи изјави дека испраќањето косовски војници во вакви операции гради доверба меѓу меѓународните сојузници.

„Со испраќање сили во оваа мисија, членовите на КБС ќе учествуваат како дел од обединетата команда на Меѓународните сили за стабилизација. Нивната мисија е да ја поддржат имплементацијата на сеопфатен план за прекин на конфликтот во Газа, секогаш потпирајќи се на мандатот на Меѓународните сили за стабилизација“, рече тој.

Усвоен е и предлог-законот за конфискација на нелегален имот

Собранието на Косово го усвои во прво читање Предлог-законот за Државна канцеларија за верификација и конфискација на нелегално стекнат имот. Министерката за правда Доника Гервала изјави дека предлог-законот ја штити правдата за оние кои стекнале имот по легален пат и не ги загрозува граѓаните.

Опозициските партии, Демократскиот сојуз на Косово и Демократската партија на Косово, побараа измени во нацрт-законот и нагласија дека ќе го поддржат само со усвојување на предложените измени. 81 пратеник гласаа за нацрт-законот, додека 25 беа воздржани.