Современата специјалистичка биохемиска лабораторија „Ве лаб дијагностик“ во Велес е насочена кон обезбедување професионални здравствени услуги од областа на лабораториската дијагностика, со современ пристап и стручна поддршка за пациентите.


Како што беше информирано при отворањето, лабораторијата нуди анализи на крвна слика, урина, глуциден статус, липидограм, хормонални анализи, тумор-маркери и алергии, а беше најавено и дека во најбрзо време ќе бидат достапни и анализи од молекуларна медицина.

Д-р Славица Малишевска, специјалист по медицинска биохемија, посочи дека „Ве лаб дијагностик“ располага со современи медицински апарати за анализи на тумор-маркери, хормони и параметри на хемостаза.


Во рамки на „Ве лаб дијагностик“ беше најавено и отворање на две амбуланти – една за интернистички и една за ортопедски прегледи. Според информациите, услугите во овие амбуланти треба да ги изведуваат лекари специјалисти од двете медицински гранки, како од Велес, така и стручњаци и професори кои работат во други здравствени установи.


Лабораторијата се наоѓа во приземен простор спроти Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, со цел да обезбеди достапна, професионална и квалитетна лабораториска услуга за граѓаните.









