ПРВ.мк
Македонија

Нови LED светилки за поголема сигурност: Осветлени 20 пешачки премини во Кавадарци!

Нови LED светилки за поголема сигурност: Осветлени 20 пешачки премини во Кавадарци!

Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, успешно завршија активностите за подобрување на сообраќајната инфраструктура, проект со вкупна вредност од 1.000.000 денари.

Преку оваа инвестиција, комплетно се осветлени вкупно 20 пешачки премини кои претходно беа детектирани како недоволно осветлени и критични точки во ноќните часови.

Преглед на локации со нови современи LED светилки:

  • ул. „Илинденска“ – 5 пешачки премини
  • ул. „Тиквешко Востание“ – 3 peшачки премини
  • ул. „7-ми Септември“ – 3 пешачки премини
  • Кружен тек кај сала „Партизан“ – 3 пешачки премини
  • бул. „Моша Пијаде“ – 2 пешачки премини
  • ул. „Гоце Делчев“ – 1 пешачки премин
  • ул. „Народни Херои“ – 1 пешачки премин
  • ул. „Страшо Пинџур“ – 1 peшачки премин
  • „Западен Булевар“ (кај Капелата) – 1 пешачки премин

Поголема видливост за поголема сигурност: Со поставувањето на новите, енергетски ефикасни и моќни LED светилки, значително се подобрува видливоста на пешаците, со што драстично се намалува ризикот од незгоди во услови на намалена дневна светлина.

Продолжуваме со посветена работа и реализација на капитални инвестиции кои директно го подобруваат секојдневието, сигурноста и квалитетот на живот на нашите сограѓани!

Најнови вести