ПРВ.мк
Македонија

Ќе плаќаме ли многу помали сметки? - РКЕ откри што се разгледува за евтината струја!

Ќе плаќаме ли многу помали сметки? - РКЕ откри што се разгледува за евтината струја!

Граѓаните во Северна Македонија би можеле да добијат значително повеќе часови со евтина електрична енергија, откри претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Ацо Ристов.

Тој најави дека во тек е анализа на сегашниот систем на блок тарифи, а главната цел е домаќинствата да добијат пониска цена на струјата преку подобро искористување на енергијата произведена од обновливи извори.

Според Ристов, актуелниот систем на блок тарифи бил воведен во време на енергетската криза, но оттогаш состојбите во енергетскиот сектор значително се промениле. Токму затоа, како што посочи, сега се размислува за нов модел кој би овозможил поевтината електрична енергија од фотоволтаичните централи да стигне директно до граѓаните.

Тој објасни дека во одредени периоди има големо производство на струја од сончевите електрани, а идејата е таа енергија да се искористи во корист на домаќинствата наместо да остане неискористена.

Една од опциите што се разгледуваат е проширување на дневната евтина тарифа од сегашните два на дури пет часа дневно. Доколку ваквата мерка се реализира, тоа би можело значително да влијае врз месечните сметки за струја кај голем број граѓани.

Ристов посочи и дека ноќната евтина тарифа нема да се укине, но можно е да има промени во временскиот период во кој таа ќе важи. Сепак, конечните одлуки ќе зависат од резултатите од анализите што ги подготвува РКЕ.

Од Комисијата велат дека целта е во новите енергетски услови евтината електрична енергија да стане подостапна за домаќинствата, особено во периоди кога има зголемено производство од обновливи извори.

Најнови вести