Денес, во дворот на Винскиот музеј, ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ учествуваат во креативна работилница организирана од Секторот за култура при Општина Кавадарци.


Преку оваа иницијатива, младите креативци изработуваат уникатни дела кои ќе бидат дел од новото Едукативно катче лоцирано во склоп на Градскиот парк.
Што ќе нуди новото Едукативно катче?
Овој нов простор во Градскиот парк е замислен како мултифункционална зона која ќе нуди одлични можности за рекреација и едукација преку интересни и интерактивни реквизити.
Катчето ќе биде целосно прилагодено за:
- Организирани посети и активности од страна на училиштата и детските градинки.
- Индивидуално користење, отворено и достапно за сите граѓани и посетители.
Соработката помеѓу локалната самоуправа и средношколците уште еднаш ја потврдува важноста на вклучувањето на младите во уредувањето и збогатувањето на јавните простори во градот.








