Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денешниот ден ќе помине во знакот на променливо облачно и мирно време, со повремени сончеви интервали. Во утринските часови, особено во некои котлини, можна е појава на магла.
Во главниот град Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно и тивко, а наутро се очекува и појава на магла.
Стабилните временски услови ќе продолжат и во наредните денови, заклучно до вторник. Во одредени котлини ќе има магла и зголемена облачност. Кон крајот на вторникот, како и во деновите што следуваат, се најавуваат повремени локални врнежи од дожд. Со навлегување на постудена воздушна маса од север, на планинските предели и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.
















