ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) СТРАШНА СООБРАЌАЈКА: Двајца македонски државјани загинаа - ова се деталите!

(ФОТО) СТРАШНА СООБРАЌАЈКА:  Двајца македонски државјани загинаа - ова се деталите!
Kristal

Двајца македонски државјани – маж и жена со албанско потекло – го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на автопатот Белград–Ниш, во близина на клучката Умчари, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, несреќата се случила кога патничко возило од марката „сеат“, со германски регистарски ознаки, излетало од коловозот. Неофицијално, се наведува дека возачот ја изгубил контролата врз автомобилот, по што удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, а возилото завршило надвор од патот.

Двете лица кои се наоѓале во возилото починале на самото место од здобиените повреди, додека третиот сопатник бил тешко повреден и итно пренесен во здравствена установа на понатамошно лекување.

На местото на трагедијата веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и полицијата, кои извршиле увид. Истражните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со несреќата.

Како можна причина за сообраќајниот инцидент, српски „Курир“ наведува замор кај возачот, при што не се исклучува и можноста тој да заспал зад воланот. Официјалната причина ќе биде утврдена по завршување на истрагата.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape