ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА НОЌ ПРЕД КАФАНА: Голем број на повредени - ова е бројот на загинати!

КРВАВА НОЌ ПРЕД КАФАНА: Голем број на повредени - ова е бројот на загинати!
Kristal

Десет лица го загубија животот, а уште десетмина се повредени во вооружен напад што се случил во населба во близина на Јоханесбург, соопшти јужноафриканската полиција. Инцидентот претставува втор случај на масовно пукање во земјата во текот на декември.

Нападот се случил во местото Бејкерсдејл, кое се наоѓа на околу 40 километри југозападно од Јоханесбург. Засега не е утврден мотивот за крвавиот настан, а истрагата е во тек, информираат полициски извори за агенцијата Франс Прес.

Според официјалното соопштение, дел од жртвите биле погодени случајно додека се движеле по улиците, откако напаѓачите без предупредување отвориле оган. Осомничените пристигнале со две возила, прво пукајќи кон гостите во локален бар, а потоа продолжиле со истрели додека го напуштале местото.

Меѓу загинатите се наоѓа и возач на такси-служба кој се наоѓал пред угостителскиот објект, потврди покраинскиот полициски комесар, генерал-мајор Фред Кекана, за националната телевизија SABC.

Полицијата започна обемна акција за пронаоѓање на сторителите, додека повредените лица се хоспитализирани и им се укажува медицинска помош.

Јужна Африка со години се соочува со сериозни проблеми поврзани со насилен криминал и корупција, често поврзани со организирани криминални мрежи. Вооружените напади се релативно чести и најчесто се поврзуваат со судири меѓу банди и ривалства во нелегалниот бизнис, што ја вбројува земјата меѓу државите со највисока стапка на убиства во светот.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape