ПРВ.мк
Македонија

УХМР издаде аларм: Невреме се шири низ Македонија – еве каде и како ќе удри

УХМР издаде аларм: Невреме се шири низ Македонија – еве каде и како ќе удри

УХМР известува за значителна нестабилност во јужниот дел на Скопската котлина, каде се регистрираат пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Слични временски услови се забележуваат и во планинските региони околу Велес, како и во западниот дел на земјата.

Метеоролошките анализи покажуваат дека нестабилната воздушна маса се движи од југ кон север, при што најголеми поројни врнежи, засилен ветер и можност за појава на суградица се очекуваат западно од Кавадарци и Росоман.

За утре се предвидува продолжување на нестабилното време на повеќе места низ земјата, со локализирани поројни дождови и грмежи. Во одредени региони се очекува краткотрајно интензивно невреме, со количини на дожд над 20 литри на метар квадратен, ветар кој ќе надминува 60 km/h и услови за изолирана појава на град.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape