Пред два дена во Охрид, бездомното куче Пеки беше брутално претепано од човек кој силно го удираше по главата, обидувајќи се да го убие. Животното беше пренесено во ветеринарна клиника во Битола и сè уште се бори за живот.
„Пеки е под постојан мониторинг, состојбата му е сериозна – не јаде, не пие, не може да стане, а потресот на мозокот е голем“, велат од клиниката. Случајот е пријавен во полиција, постојат очевидци и ќе се користат доказите од ветеринар за судска постапка.
Активистите нагласуваат дека ваквите брутални напади ја истакнуваат потребата од масовна стерилизација, чипирање на милениците и посилни казни за насилство врз животни.
Видео: