ПРВ.мк
Македонија

ЗАВРШНА ФАЗА: Новиот кружен тек на Северен Булевар во Кавадарци наскоро целосно во функција

ЗАВРШНА ФАЗА: Новиот кружен тек на Северен Булевар во Кавадарци наскоро целосно во функција

Финалните подготовки за пуштање во употреба на новиот кружен тек на Северен Булевар во Кавадарци се во самиот финиш. Денеска на терен интензивно се реализираа завршните активности, со што овој значаен сообраќаен проект за градот влегува во својата последна фаза.

На локацијата се вршеше обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и се поставуваа соодветните сообраќајни знаци, со цел да се обезбеди максимална безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Градежните екипи претходно успешно завршија со асфалтирање на површина од 5.300 метри квадратни. Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри протокот на возила, ќе се намалат сообраќајните метежи и ќе се зголеми безбедноста на оваа фреквентна делница во Кавадарци.

Општинските власти и градежните екипи продолжуваат со работа до целосна реализација на сите планирани инфраструктурни проекти за градот.