ПРВ.мк
Црна Хроника

Судењето на Штекли претвори судница во хорор – морбидни признанија и психоза откриени пред сите

Судењето на Штекли претвори судница во хорор – морбидни признанија и психоза откриени пред сите

Судењето на Раде Трајковски – Штекли донесе шокантни откритија кои ја оставија јавноста во неверување. На рочиштето беше изнесен психолошки наод според кој обвинетиот страда од тешка психоза, а неговото однесување во судницата било опишано како афектно студено, со психопатски карактеристики и силни психотични епизоди.

Според сведочењето на вештакот Ѓорѓе Хаџи Ангелковски, Штекли престанал да јаде месо со објаснување дека сака да ги заштити своите „браќа и сестри од претходниот живот“. Иако е татко на три деца, не покажувал никакви емоции кон нив. Дополнително, тврдеше дека замислен „учител“ го водел од трговскиот центар Ист Гејт до болница, при што бил нападнат и во него било пукано.

Во психолошкиот извештај беше нагласено дека Штекли има сериозни последици од семејното минато – неговата мајка боледувала од шизофренија, што, според вештакот, му дава и до 20 пати поголема шанса да развие исто нарушување. Покрај тоа, како дете бил изложен на семејно насилство – неговиот татко редовно ја тепал неговата мајка.

Психијатарот нагласи дека поради долгогодишна зависност од дрога и 48-часовни епизоди на конзумација на кокаин, Штекли често паѓал во длабока депресија и летаргија. На самото рочиште, според вештакот, имал халуцинации, а вниманието му било нарушено до таа мера што тешко можел да го следи процесот.

Сепак, обвинителството приложи спротивно психијатриско вештачење во кое се тврди дека Штекли е апсихотичен и способен да учествува во судскиот процес. На следното рочиште ќе биде презентиран и вториот наод, кој ќе биде клучен за одлуката на судот дали обвинетиот може да му се суди или ќе се третира како психички неспособен.

Покрај психолошките аспекти, обвинителството го поврзува Штекли со добро организирана група од 16 лица која се занимавала со трговија на дрога. Досега седум од нив склучиле спогодби и добиле затворски казни од три до три и пол години. Групата имала строго поделени улоги – од набавка, преку складирање во изнајмени станови, до продажба.

Дрогата се продавала по високи цени – грам кокаин од 4.500 до 6.000 денари и грам марихуана од 200 до 300 денари. За комуникација користеле апликации како Snapchat за да избегнат откривање од полицијата.

Судењето продолжува со нови докази и експертски мислења кои ќе одлучат дали Раде Трајковски – Штекли ќе биде прогласен за психички неспособен или ќе се соочи со казна за сериозните обвиненија против него.

Escape