Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека месечните пресметки за интегрирана наплата (МПИН) доставени по електронска пошта се обработуваат, но поради зголемениот прилив, просечно од поднесувањето до добивањето на декларацијата поминува еден работен ден.
УЈП апелира даночните обврзници да испраќаат само една МПИН пресметка, бидејќи повторувањето не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката.
Сите пристигнати пресметки се обработуваат во редоследот на пристигнување, а декларациите најчесто се враќаат наредниот работен ден.

















