ПРВ.мк
Црна Хроника

Пасоши и лични карти за кеш: МВР откри коруптивна мрежа - еве со кои соработувале!

Пасоши и лични карти за кеш: МВР откри коруптивна мрежа - еве со кои соработувале!
Kristal

Одделот за внатрешна контрола на МВР поднесе кривична пријава до Специјализираното обвинителство против четири лица, меѓу кои двајца полицајци, наставник и пожарникар, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и примање поткуп.

Според пријавата, во периодот февруари–април 2024 година, пријавените организирале шема за издавање на лични документи (лична карта, пасош, возачка дозвола) против паричен надомест:

  • Трето и четврто пријавените наоѓале граѓани кои сакале лични документи и собирале нивни лични податоци.
  • Потоа ги доставувале овие податоци на полицаецот П.П., кој посредувал и го поттикнувал првопријавениот М.С. да ги изврши службените дејствија за фотографирање и прием на барањата.
  • Сите дејствија биле спроведувани според претходен договор за точно утврдена цена, време и улоги, создавајќи паралелен, неформален начин за брзо издавање на документи, со цел противправна имотна корист, што го нарушува принципот на еднаков пристап до јавните услуги.

Обвинението ја опишува активноста како организирана и координирана шема за стекнување противправна корист, во која секој имал јасно определена улога.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo