На 96-годишна возраст почина Коста Балабанов, еминентен историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат и професор, кој остави траен печат во зачувувањето и афирмацијата на македонската средновековна уметност.
Балабанов беше и страствен хуманист, љубител на природата и акварист, кој дури и во подоцнежните години активно го следеше културниот живот и ги поддржуваше младите стручњаци.
Во текот на животот беше награден со многу домашни и меѓународни признанија, меѓу кои и државната награда „Св. Климент Охридски“.

















