Учениците од четврто одделение при ООУ „Тошо Велков Пепето“ остварија посета на Општина Кавадарци, каде што имаа можност одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на локалната самоуправа и да остварат средба со градоначалникот.
За време на дружењето во кавадаречката локална самоуправа, најмладите покажаа голема љубопитност и интерес, поставувајќи бројни прашања поврзани со надлежностите на градоначалникот, секојдневните активности на општинската администрација, начинот на донесување одлуки, како и проектите насочени кон унапредување на условите за живот на граѓаните во Кавадарци.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека ваквите средби претставуваат одлична можност за едукација на најмладите, размена на идеи и поттикнување на свеста кај децата за нивната активна улога и придонес во локалната заедница.







