Деведесет и едногодишниот жител на Куманово, чие исчезнување беше пријавено во полиција, е пронајден викендов, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, на 14 ноември 2026 година било пријавено дека е пронајден С.С. (91) од Куманово.
Неговото исчезнување претходно го пријавил неговиот 65-годишен син Т.С., кој на 13 ноември ја известил полицијата дека неговиот татко се оддалечил од семејниот дом.
По пријавата била започната потрага, која завршила со пронаоѓањето на 91-годишниот кумановец следниот ден.






