Таткото на 26-годишната девојка од Охрид, која беше претепана од својот 31-годишен партнер, завршил во полициска станица по пријава за упатени закани кон семејството на осомничениот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 15 ноември, во 08:50 часот, во СВР Охрид се јавила Љ.К. (51) од Охрид, мајка на К.К. (31), кој претходно беше приведен поради сомнение дека физички ја нападнал својата девојка и ѝ нанел тешки телесни повреди.
Таа пријавила дека Љ.Ѓ. (49), таткото на нападнатата девојка, преку мобилен телефон упатувал закани кон нејзиниот син, но и кон целото семејство.
По пријавата, полицијата презела мерки, па истиот ден, во 13:20 часот, Љ.Ѓ. бил лишен од слобода во Охрид и задржан во полициска станица.
Од МВР соопштија дека против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






