ПРВ.мк
Македонија

УБАВА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Покрај платата, дополнителни 5.000 денари за редовност и точност

УБАВА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Покрај платата, дополнителни 5.000 денари за редовност и точност

Убава вест за вработените во рудникот „Булмак 2016“, кој воведува нова финансиска стимулација со која работниците ќе можат да добиваат дополнителни 5.000 денари секој месец.

Почнувајќи од ноемвриската плата, сите вработени кои во текот на месецот немаат ниту едно отсуство и навремено пристигнуваат на своите работни смени ќе добиваат месечен бонус од 5.000 денари.

Од компанијата објаснуваат дека целта на оваа мерка е да се наградат дисциплината, одговорноста и посветеноста на работниците, но и да се подобри организацијата на работниот процес.

Според раководството, рударството претставува сложена дејност во која безбедноста и ефикасноста директно зависат од навременото присуство и координацијата меѓу вработените.

Ова е особено значајно при работењето под земја, каде што секој член на тимот има важна улога во безбедното и непречено одвивање на производството.

Со новата мерка, работник што ќе ги исполни условите во текот на цела година би можел да добие вкупно 60.000 денари дополнителен приход.

Од „Булмак 2016“ посочуваат дека присуството и ангажманот на секој вработен се важни за стабилноста на целиот колектив.

Компанијата нагласува дека преку ваквите финансиски стимулации сака да покаже дека трудот, дисциплината и одговорноста се препознаваат и дополнително се наградуваат.