ПРВ.мк
Македонија

УАПСЕНА ГРУПА МАЛОЛЕТНИЦИ: Осомничени за грабеж!

УАПСЕНА ГРУПА МАЛОЛЕТНИЦИ: Осомничени за грабеж!

Шест малолетници од Скопје биле лишени од слобода откако полицијата ги поврзала со два одделни настани во кои, според сомнежите, биле одземани или се правеле обиди за одземање пари.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 4 октомври, околу 22 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шестмината малолетници на подрачјето на Центар во Скопје.

Според пријавеното, малолетниците се сомничат дека со закана од еден малолетник одзеле пари, при што еден од нив употребил и остар предмет.

Во друг случај, пак, групата наводно се обидела да одземе пари и од друг малолетник, но обидот не бил реализиран.

По целосното документирање на настаните, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против шестмината малолетници.

Тие се сомничат за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“, предвидени и казниви согласно член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.