ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци продолжува со уредување на руралните средини: Се тампонираше патот до манастирот „Св. Петка“ во село Дабниште

Кавадарци продолжува со уредување на руралните средини: Се тампонираше патот до манастирот „Св. Петка“ во село Дабниште

Во кавадаречкото село Дабниште се изврши комплетно тапонирање на улицата која води до манастирот „Св. Петка“, во должина од 1 километар, со што значително се олеснува пристапот за сите верници и посетители.

Овие активности се реализираа со донација на тампон и ангажирање соодветна механизација од страна на компанијата „Градба Промет“, во соработка со Ј.П. „Комуналец“ – Кавадарци и Општина Кавадарци.

Со ова, Општина Кавадарци продолжува со континуираните активности за уредување и подобрување на патната инфраструктура во руралните средини во овој регион.