ПРВ.мк
Македонија

Уапсен возачот што го прегази 11-годишното девојче во Скопје – еве ги деталите!

Уапсен возачот што го прегази 11-годишното девојче во Скопје – еве ги деталите!

По два дена интензивна потрага, скопската полиција го лоцираше и уапси возачот кој ја прегази 11-годишната девојка на улицата „Перо Наков“ и потоа избегал од местото на несреќата. Станува збор за 59-годишниот Б. Р. од Скопје, кој во моментот на несреќата управувал патничко возило марка „Фиат Сеиченто“.

Несреќата се случила на 28 октомври, околу 20:30 часот, кога девојчето било прегазено додека преминувало улица. Наместо да застане и помогне, возачот продолжил со движење и се дал во бегство, по што започнала полициска потрага за негово пронаоѓање.

По два дена истрага, полицијата успеала да го идентификува и лоцира возилото, како и осомничениот возач. По наредба на јавен обвинител, Б. Р. е приведен и задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Повреденото девојче веднаш по несреќата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите ѝ укажале итна медицинска помош. Според последните информации, детето е надвор од животна опасност и закрепнува под надзор на лекарите.

Жителите на овој дел од Скопје повторно реагираа дека улицата „Перо Наков“ е една од најопасните во градот, со чести сообраќајни инциденти во кои страдаат пешаци – особено деца. Тие со години бараат поставување на семафори и забавувачи на брзината, предупредувајќи дека сообраќајот таму е интензивен, а возачите често се движат со прекумерна брзина.

Полицијата најави дека истрагата продолжува со цел целосно да се расчистат околностите под кои дошло до несреќата.

Escape