ПРВ.мк
Свет

Австриец уапсен на одмор во Италија - Интерпол го бараше за убиство 48 години!

Австриец уапсен на одмор во Италија - Интерпол го бараше за убиство 48 години!
Kristal

71-годишен Австриец беше фатен во Италија, речиси половина век по убиството што го извршил во 1977 година заедно со својот татко во Египет. Спорот за земјиште завршил со смрт на познаникот, а младиот тогаш 23-годишник избегал во Австрија, каде што подоцна добил државјанство.

Египетскиот суд го осудил во отсуство, а меѓународната потерница на Интерпол останала активна цели 48 години. Австриецот бил уапсен во Лигурија откако се пријавил во хотел со пасошот. Иако првично успеал да замине во Шпанија, се вратил во истиот хотел, каде полицијата го фатила.

Сега тој се наоѓа во затворот Мараси во Џенова и чека екстрадиција во Египет.

Escape