ПРВ.мк
Свет

Светот во страв поради изјавата на Трамп - Дали сме на чекор до нуклеарна војна?

Светот во страв поради изјавата на Трамп - Дали сме на чекор до нуклеарна војна?
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бурни реакции по неговата изјава дека наредил продолжување на тестирањето на нуклеарното оружје на САД, потег што ОН го оцени како „потенцијално катастрофален“.

Заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, нагласи дека нуклеарното тестирање „никогаш не смее да се дозволи“ и дека глобалните нуклеарни ризици се веќе „алармантно високи“.

Трамп го соопшти ова на својата платформа Truth Social непосредно пред средбата со кинескиот лидер Си Џинпинг во Јужна Кореја, истакнувајќи дека наредил на Министерството за војна да започне тестирања „на рамноправна основа“ со Русија и Кина.

САД не извршиле нуклеарна експлозија од 1992 година и иако потпишале Договор за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови, никогаш не го ратификувале. Кремљ предупреди дека ако Вашингтон го прекрши мораториумот, Москва ќе реагира соодветно.

Експертите за контрола на оружјето ја осудија изјавата како неодговорна и потенцијално опасна, укажувајќи дека таквиот потег би ги нарушил долготрајните меѓународни норми за нуклеарна безбедност.

Escape