ПРВ.мк
Македонија

ЦАРИНИЦИТЕ ВО ШОК: Златна плочка вредна 4.5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на преминот Богородица!

ЦАРИНИЦИТЕ ВО ШОК: Златна плочка вредна 4.5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на преминот Богородица!

Голем обид за криумчарење бил спречен на Граничен премин Богородица, каде царински службеници откриле златна плочка вредна околу 4,5 милиони денари, сокриена на необично место кај патник кој се обидувал да ја изнесе од државата.

Како што информираа од Царинска управа, случајот бил откриен при контрола на автобус што сообраќал на релација ГостиварИстанбул. Автобусот бил издвоен за дополнителна проверка, по што службениците извршиле детална контрола врз еден патник, македонски државјанин, поради сомнежи за можен обид за криумчарење.

При претресот, цариниците во едниот негов чевел пронашле златна плочка тешка дури 848 грама, внимателно завиткана во бела хартија.

Од Царинската управа посочуваат дека осомничениот првично ја чувал плочката во сакото, но непосредно пред контролата ја сокрил во обувката со намера да ја избегне проверката и нелегално да ја пренесе преку граница.

За случајот веќе е поведена постапка, а од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги до Основно јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, предвидено и казниво според Кривичниот законик.

Од Царинската управа нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени контроли и активности насочени кон спречување на нелегална трговија, шверц и обиди за криумчарење на вредна стока, со цел заштита на економските интереси на државата и легалните трговски текови.

Најнови вести