Вчера во 10:15 часот во ОВР Кичево била пријавена сообраќајна незгода на улицата „Рудничка“ во Кичево, во која тешко се повредил 71-годишен жител на селото Другово.
Според пријавеното, А.Ѓ. (71) управувал мопед со кичевски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини удрил во паркирано патничко возило „Фолксваген Пасат“, исто така со кичевски регистарски ознаки.
Автомобилот претходно го управувал Ш.И. (57) од кичевското село Зајас.
При сообраќајката, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди. По незгодата бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде што повредите биле констатирани од страна на лекарски екипи.
Полициските службеници утврдиле и дека 71-годишниот маж немал возачка дозвола за управување со мопедот.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа од ОВР Кичево, а полицијата продолжува со утврдување на околностите под кои се случила незгодата.








