ПРВ.мк
Балкан

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ ПА СЕ ЗАПАЛИЛ: Страшна несреќа - пожарникарите извлекувале луѓе од возилото!

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ ПА СЕ ЗАПАЛИЛ: Страшна несреќа -  пожарникарите извлекувале луѓе од возилото!

Во новопазарската населба Избице синоќа дошло до потешка сообраќајна несреќа, кога возило излетало од патот, а потоа се запалило.

На терен веднаш била упатена пожарникарско-спасувачка екипа.

— Кога на лице место пристигнале спасувачите, во возилото имало две лица. За среќа, безбедно биле извлечени и пренесени во болница. Не се во животна опасност — вели еден од очевидците.

На местото на сообраќајната несреќа бил извршен увид, а истрагата треба да ги утврди сите околности кои му претходеле на инцидентот, како и точната причина поради која автомобилот излетал од патот.

Исто така ќе биде утврдено како дошло до избивање на пожарот на возилото. Повеќе детали за несреќата во Нови Пазар ќе бидат познати по завршувањето на сите проверки на надлежните органи.