ПРВ.мк
Свет

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Иде ураган од 3. категорија - се очекува голема катастрофа!

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Иде ураган од 3. категорија - се очекува голема катастрофа!

Жителите на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија Југ се подготвуваат за пристигнувањето на ураганот Поло на полуостровот, кој се заканува со силни ветрови, поплави и одрони, а и понатаму би можен на делови од Хаваи да им донесе обилни врнежи, пренесе денес АП.

Поло во понеделник наутро беше бура од трета категорија со максимална брзина на ветерот од 185 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани со седиште во Мајами.

Метеоролозите наведоа дека бурата ќе го погоди копнениот дел на Мексико откако ќе ја зафати Долна Калифорнија Југ со обилни врнежи, како и дека наскоро се очекуваат ветрови опасни по живот и поројни поплави.

Подоцна во текот на неделата, бурата би можела да донесе обилни врнежи и поплави во делови од југозападот на САД.

Се прогнозира дека Поло ќе достигне сила на голем ураган кога ќе стигне до Долна Калифорнија Југ подоцна денес, а се очекува и понатаму да биде ураган кога ќе го погоди копнениот дел на Мексико доцна вечерас или рано наутро во вторник, соопшти центарот.

Жителите на Хаваи сè уште се опоравуваат од ураганот Лала

Националната координаторка на мексиканската Агенција за цивилна заштита, Лаура Веласкез, изјави дека Поло ќе стигне до копното подоцна во текот на попладнето.

Она ги повика жителите да не излегуваат на улиците и да побараат засолниште доколку нивните домови се загрозени.

Во меѓувреме, додека викендот се приближуваше кон крајот, бурата Ноло се наоѓаше далеку југозападно од Хаваи и се оддалечуваше од Големото Острово, но предупредувањата за ветер и високи бранови останаа на сила за делови од островот сè до понеделник наутро.

Додека Поло се приближуваше кон Мексико, мексиканската морнарица соопшти дека собрала луѓе и подготвила хуманитарна помош во пристаништата Гвајмас и Мазатлан на пацифичкиот брег, и ангажирала три пловила подготвени да допремаат помош до крајбрежните заедници кои се отсечени поради бурата.

Жителите на Хаваи сè уште се опоравуваат од ураганот Лала, кој донесе обилни врнежи и ветрови доволно силни за да срушат околу 100 куќи од нивните темели на Големото Острово.