Македонија ја очекува позначителна промена на времето, со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, по што од понеделник ќе следува постепено заладување.
Под влијание на циклонска активност, до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
На одредени места врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар, а најинтензивни се очекуваат во недела.
Локално се можни и услови за невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во недела, 11 октомври, минималните температури ќе се движат од 8 до 15 степени, а максималните од 14 до 21 степен. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни.
Од понеделник, 12 октомври, ќе започне продор на постуден воздух. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а претпладне сè уште ќе има услови за локален дожд.
Минималните температури во понеделник ќе бидат од 7 до 14 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 16 до 22 степени.
Позначително заладување се очекува во вторник, 13 октомври.
Тогаш максималните температури ќе се движат само од 8 до 18 степени, а утринските од 6 до 15 степени.
Поради продорот на постудена воздушна маса од север, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминуваат во снег.
И во вторник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а локално ќе продолжат врнежите од дожд.
Снег, според најавата, се очекува само на дел од повисоките планински предели, додека во пониските места врнежите ќе останат од дожд.










