Македонскиот фудбал вечерва остана без една од своите најпрепознатливи фигури. Од ФК Брегалница 1926 Делчево со длабока болка ја соопштија веста дека починал Милчо Петровски – човек кој целиот свој живот го посвети на клубот и на фудбалот во Делчево.
Петровски ќе остане запаметен како личност која со својата љубов кон спортот и посветеност кон клубот остави длабока трага во историјата на „Брега“. Од играч, преку тренер, па сè до претседател, неговото име беше симбол на континуитет, страст и верност.
Од клубот со емотивна порака се простија од него, нагласувајќи дека Делчево изгуби вистинска спортска легенда, а ФК Брегалница свој вечен член.
Со неговото заминување, македонскиот фудбал изгуби човек кој живееше за играта, за клубот и за својот град.Вечна му слава и благодарност за сè што остави зад себе – Милчо Петровски, човекот кој беше и ќе остане дел од душата на Брегалница Делчево.
















