ПРВ.мк
Македонија

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ПРОДОЛЖУВА: Одбраната предложи нови сведоци, познато кога ќе бидат сослушани!

СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ПРОДОЛЖУВА: Одбраната предложи нови сведоци, познато кога ќе бидат сослушани!

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против деветтемина полицајци обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

На денешното рочиште судијката Ленка Давиткова се произнесе по предлозите што дел од одбраната ги достави во рамките на доказната постапка.

Според обвинителниот предлог, деветтемина обвинети не ги извршиле службените обврски што ги имале и не спровеле целосна и детална проверка во постапката за издавање позитивна согласност потребна за добивање лиценца за вршење угостителска дејност на кабарето „Пулс“.

Судот прифатил дел од предлозите на одбраната за сослушување сведоци. Тие треба да бидат повикани и сослушани на 17 ноември. Претходно, на 14 ноември, е најавено изведување на материјалните докази предложени од одбраната.

Судскиот процес се однесува на одговорноста на полициските службеници во врска со постапките и контролите што биле потребни при издавањето на согласноста за лиценцата на објектот во кој се случи една од најтешките трагедии во поновата македонска историја.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март 2025 година, за време на настапот на музичката група ДНК. Во несреќата животот го загубија 63 лица, додека повеќе од 200 беа повредени и пренесени на лекување во здравствени установи во Македонија и во странство.

Трагедијата во Кочани остави длабоки последици, а судските постапки продолжуваат со цел да се утврдат одговорностите за пропустите поврзани со работењето на дискотеката „Пулс“.

Најнови вести