Општина Кавадарци започна со реализација на втората редовна фаза од дератизацијата на својата територија, со цел контрола и намалување на популацијата на глодари.
Во рамките на оваа организирана акција, планирано е да се опфатат повеќе од 1.000 шахти кои се дел од фекалната канализациска мрежа во градот. На овие локации стручните екипи поставуваат соодветни мамци за уништување на глодарите и спречување на нивното понатамошно размножување.
Изведувач на теренските активности е овластената компанија „Лиса Ком МС“ од Кавадарци.
Од општината апелираат до граѓаните на внимание и соработка за време на спроведувањето на акцијата, со цел успешна заштита на јавното здравје и одржување на хигиената во општината.



