Градежните работи за изградба на нови краци од улицата „Ѓорѓи Соколов“ се во напредна фаза, соопштуваат надлежните.
Проектот опфаќа сеопфатни градежни зафати кои вклучуваат комплетно пробивање, уредување и асфалтирање на сообраќајниците, како и поставување ново улично осветлување на вкупна површина од околу 5.800 метри квадратни.
Вкупната вредност на оваа значајна инвестиција изнесува 26 милиони денари, средства кои се обезбедени преку Вториот повик на Владата.
Со реализацијата на овој проект се продолжува со создавање подобри услови за живеење, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и подобрена функционалност на целиот урбан простор.



