ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Возач на четирицикл со тешки повреди, повреден и 16-годишник!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Возач на четирицикл со тешки повреди, повреден и 16-годишник!

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу тетовските села Добарце и Чифлик. Возачот на четирициклот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот малолетен сопатник и возачот на автомобилот поминале со полесни телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 4 ноември, во 16:05 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово.

Во сообраќајката учествувале автомобил „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 55-годишниот А.Ч. од селото Чифлик, и четирицикл, исто така со тетовски ознаки, кој го управувал 34-годишниот Б.С. од селото Ларце.

При судирот, возачот на четирициклот добил тешки телесни повреди. Неговиот 16-годишен сопатник, како и 55-годишниот возач на автомобилот, се здобиле со телесни повреди.

Повредите на сите тројца биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што им била укажана медицинска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Тетово.

Најнови вести