На 07.04.2026 во 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на бул. „Туристичка“ во Охрид, 17-годишен малолетник од Франција, управувајќи велосипед, удрил во запрено патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од И.Д. (41) од Охрид.
Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.










