ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: БМВ излета од коловоз, возачот тешко повреден, повредени и деца!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: БМВ излета од коловоз, возачот тешко повреден, повредени и деца!

Тешка сообраќајна несреќа се случила на обиколницата околу Скопје, кај клучката Мирковци, кога патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот и завршило надвор од патот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 10.05.2026 околу 18:40 часот во СВР Скопје. Возилото го управувал 42-годишниот Р.Н. од скопското село Кондово, кој во незгодата се здобил со тешки телесни повреди.

Покрај него, повредени се и неговата сопатничка С.Н. (40), како и тројца малолетници кои се наоѓале во возилото. Сите повредени биле пренесени и медицински згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им биле констатирани повредите.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, која работи на утврдување на причините за излетувањето на возилото.