ПРВ.мк
Македонија

СТОП ЗА ДИВОГРАДБИТЕ - Стопирана бесправна градба во Буринарец, наложено отстранување во рок од 7 дена

СТОП ЗА ДИВОГРАДБИТЕ - Стопирана бесправна градба во Буринарец, наложено отстранување во рок од 7 дена
Kristal

Градежната инспекција на Општина Бутел денес ја стопираше изградбата на бесправно започнат објект во населеното место Буринарец.

Како што информираат од општината, инспекциските служби изготвиле решение со кое им се наложува на сопствениците во рок од седум дена да го отстранат објектот. Доколку тоа не биде направено во предвидениот рок, објектот ќе биде урнат од страна на Општина Бутел, а против сопствениците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од општинските служби упатуваат апел до граѓаните да не започнуваат градба без одобрение, нагласувајќи дека нема да има толеранција за дивоградби и дека законот ќе се применува подеднакво за сите.

Општина Бутел најавува дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на бесправната градба и заштита на јавниот интерес.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo