ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски најави намалување на цената на нафтените деривати - еве за колку!

Мицкоски најави намалување на цената на нафтените деривати - еве за колку!
Kristal

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска соопшти дека Владата, во соработка со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), обезбедила намалување на цената на нафтените деривати.

Според неговите зборови, компанијата Окта ќе даде попуст од 45 до 50 долари по тон на компаниите со кои соработува, што би значело намалување на цената за околу 2,5 денари по литар. Мицкоски истакна дека сопствениците на бензинските пумпи се согласиле да го пренесат попустот на крајните потрошувачи.

Претседателот нагласи дека новата цена ќе ги направи македонските граѓани да користат дизел по околу 1,35 евра по литар, што е значително пониско во споредба со соседните земји: Србија и Албанија – над 1,80 евра, Косово – 1,50–1,60 евра, а во дел од земјите на Европската Унија цената е над 2 евра по литар.

Мицкоски подвлече дека и покрај воените кризи во регионот, добро организирана соработка и дијалог со снабдувачите овозможува македонските граѓани да имаат поевтина нафта и деривати.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape