ПРВ.мк
Наука/Технологија

Знаци дека болката во горниот дел на грбот може да е од рак: Може да биде симптом на четири видови карциноми!

Знаци дека болката во горниот дел на грбот може да е од рак: Може да биде симптом на четири видови карциноми!
Kristal

Во повеќето случаи, рак не е причина за болка во горниот дел на грбот, но треба да се обрне внимание ако постојат други симптоми или ако лицето има историја на рак.

Медицинскиот онколог, доктор Дејл Шепард, објаснува дека, иако најчесто нема причина да се гледа на болката во горниот дел на грбот како симптом на рак, постојат моменти кога треба да се обрне поголемо внимание. Сепак, самата болка обично не е доволна причина за загриженост.

  • Самата болка во грбот не мора да е знак за аларм – објаснува д-р Шепард:
  • Поголемиот дел од болките во горниот дел на грбот потекнуваат од мускулно-скелетниот систем – тоа значи дека се предизвикани од мускулите, зглобовите, тетивите и начинот на секојдневно движење. Со други зборови, не се од рак.

Симптоми кои можат да укажуваат на рак

Иако поголемиот дел од луѓето со болки во горниот дел на грбот немаат рак, одредени симптоми бараат консултација со лекар:

  • Ненадеен и необјаснив замор – чувство на исцрпеност дури и со доволно сон, потреба за почести дремки или замор при минимални активности.
  • Необјаснив губиток на тежина – обично се смета за загрижувачки губиток од околу 10% од телесната тежина без обид за диета или вежбање.
  • Необични грутки или испакнатини – нови или променливи грутки, особено ако не исчезнуваат, треба да се проверуваат.
  • Болка што постојано се влошува – болката од мускулите обично се намалува со одмор, но болката што се влошува може да биде знак за нешто посериозно.
  • Нови болки на други делови од телото – појавата на болка на повеќе места без јасна причина.
  • Симптоми што немаат логика или не се подобруваат – ако нешто делува чудно или не се вклопува во нормата, вреди да се провери.
  • „Ако нешто не делува како што треба, проверете го. Дури и ако не е рак, тоа може да биде друго здравствено состојание што лесно се лекува“ – советува д-р Шепард.

Видови рак кои можат да предизвикаат болка во горниот дел на грбот

Понекогаш болката во горниот дел на грбот е резултат на метастази на рак во коските, вклучувајќи ја и ‘рбетниот столб.

Болката може да се јави при:

  • Рак на белите дробови
  • Рак на простата
  • Рак на дојка
  • Мултипен миелом
  • „Познато е дека одредени карциноми се шират во коските. Затоа, кај лица со историја на рак, болката во грбот се сфаќа сериозно“ – истакнува д-р Шепард од Кливленд клиниката.

Тој додава дека секој што има рак треба да биде внимателен со секој нов симптом.

Други причини за болки во горниот дел на грбот

Д-р Шепард наведува и други чести причини:

  • Истегнување на мускули – подигање тешки предмети, несмасно движење или повторувачки активности.
  • Лошо држење на телото – погрбување за компјутер, поглед во телефон или наведнување.
  • Неправилен положај при спиење – несоодветен пернич или спиење во некомфортна позиција.
  • Стрес – напнатост која се манифестира во вратот, рамената и горниот дел на грбот.
  • Стареење – нормално трошење на ‘рбетот и зглобовите.

Кога да посетите лекар

Д-р Шепард советува да се побара медицинска помош ако:

  • Болката трае повеќе недели
  • Пречи во извршување на секојдневните активности
  • Постојат нови или необични симптоми
  • Лицето има историја на рак
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape